ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја промовираше креативноста и талентот на нашата млада роднокрајна авторка Рената Јосифовска, и нејзиното првенче стихозбирката „Судбина или сличајност“.
Убаво е да се прават вакви промоции и настани на кои се зборува за делата на нашите сограѓани а со тоа роднокрајните автори добиваат заслужено внимание.
ЈЛБ„Илинден“ секогаш била мост помеѓу пошаниот збор и и читателот.Но кога станува збор за автори кои потекнуваат токму од нашата средина, таа улога добива уште поголема вредност.
Делата на роднокрајните автори се огледало на нашата историја, култура,традиција но и на современите предизвици и стремежи.
Со вакви промоции ја потврдуваме нашата посветеност да ја негуваме и поддржуваме литературната сцена на локално ниво.Нашата мисија е да им дадеме глас на роднокрајните автори, да го охрабриме нивното творештво и да им овозможите нивните книги да го најдат патот до што поголем број читатели.
Рената Јосифовска со своето дело „Судбина или случајност“ како роднокраен автор, го збогатува културниот живот на нашиот град и книжниот фонд на библиотеката.
Книгата на Рената , ќе се најде на полиците на нашата библиотека и ќе биде достапна за сите наши читатели.
Рената Јосифовска е родена на 15 септември 2000 г. во Штип.Основно образование завршува во родното Делчево,Средно образование во Штип, фармација а дипломира на факултетот по физика и електроника во Софија.
Од име на ЈЛБ„Илинден“ На Рената и посакуваме многу успех со кнгата и уште многу нови напишани страници и нови наслови.
На промоцијата рецезент беше Маријана Стоименовска, наставник по македонски јазика,а песни од „Судбина или случајност“ читаа Ева Калаџиска,Елена Стојчевска, Бојана Мирчевска,Андреа Стојанова, Теодора Митевска,Анамарија Христова,Ангела Постолова,Викторија Дончевска, сите ученички во ООУ„Ванчо Прке“.