ЈЛБ„Илинден“-Делчево и второоделенците од ООУ„Ванчо Прке“, заедно го одбележаа 11 Октомври,денот на народното востание на македонскиот народ.Преку изработка, боење на македонското знаме, и со разговор за значењето на овој историски ден, за борбата и храброста на нашите предци кои се избориле за слобода, го славевме 11 Октомври-денот на народното востание.
На тој начин децата ја чуствуваат и создаваат љубовта кон својата татковина и важноста на зачувување на споменот за минатото.
Благодарност до ООУ„Ванчо Прке“ и наставничките Даниела,Цветанка и Јадранка, што ни помоигнаа во реализацијата на овој настан.
Сите македонски знаменца, кои учениците ги направија, ги закачивме во градскиот парк.Нека се веат во чест на 11- Октомври,денот на македонското востание против фашизмот со кое започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.





