Во чест на еден од најпознатите делчевски уметници,Пепи Атанасов,ЈЛБ„Илинден“-Делчево,под мотото „Тивка светлина на платно- во спомен на Пепи“,изложи неколку негови уметнички дела
еговите дела ги изложивме во холот на библиотеката денес, на денот кога се навршува една година од неговата смрт.Сите наши читатели и сограѓани можат да дојдат во библиотеката и да ги разгледаат изложените слики.
Пепи Атанасов зад себе остави богатство од слики што зборуваат со тишина, што ја носат топлината на душата и боите на нашиот град. Неговото платно беше сведоштво за љубов кон животот, природата и луѓето, а секоја негова боја беше емоција, секој потег-приказна.
Со овие изложени слики,ЈЛБ„Илинден“-Делчево им оддава почит на неговиот талент и дело, но и потсетува дека уметноста живее се додека некој ја чувствува. Сите заедно да се потсетиме на светлината што зад себе ја остави еден искрен уметник, човек, пријател.
Благодарност до неговата сопруга Вики, која ни дозволи да избереме и изложиме негови дела во библиотеката.
Во својот работен век Атанасов, кој е роден 1967 година, има работено на цртање мурали на општинската зграда, комплексот Делчевчанка, воспитно-образовните установи во градот, како и неколку колективни станбени живеалишта во Делчево. Творец е и на повеќе дела кои оставија белег во старата градска чаршија.
Вечна му слава!





