Одбележан денот на љубезноста

Со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“-Делчево, денеска го одбележавме 13-ти Ноември, денот на љубезноста- ден што не потсетува дека убав збор,насмевка и мала добра постапка можат да направат голена разлика.

Љубезноста е како светлина, кога ја делиме, ја има повеќе.Секое „благодарам“, секоја помош на другарче, секое извинување или насмевка ја прават нашата заедница подобро место.

Затоа денес ЈЛБ„Илинден“-Делчево, заедно со првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ и наставничките Соња, Андријана и Цветанка,направивме „Ѕид на љубезноста“- место каде ги оставивме нашите мисли,желби и дела што носат добрина.Зборувавме за тоа што значи да се биди добар, внимателен и насман кон другите.

На шарени срца и сонца децата залепија убави мисли и дела на добрина, кои заедно го создадоа нашиот голен „Ѕид на љубезноста“-симбол на убави зборови, насмевки и топли срца.

Нека секое залепено срце и сонце биде потсетник дека љубезноста започнува од нас!

Љубезноста да биде наш избор- секој ден,кон секого.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *