Одржан натпреварот по Краснопис

ЈЛБ„Илинден“-Делчево,го одража натпреварот по Краснопис, кој го реализираше во соработка со двете основни училишта во градот.

На натпреварот учествуваа ученици од III до VI одделение, кои преку своите трудови ја покажаа убавината и вредноста на уредниот и читлив ракопис.

На наше задоволство ,на доделувањето на наградите, присуствуваше и Градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски.Ми благодариме што беше дел од овој наш убав настан.

На натпреварот чествуваа вкупно 23 ученици ,кои пишуваа текст, извадок од лектирата „Зоки Поки“.

Комисијата во состав: Габриела Димитровска и Валентина Даневска, наставнички по Македонски јазик и библиотекари во основните училишта, и Даниела Георгиевска и Анита Петровска, библиотекари во ЈЛБ„Илинден“ го одлучи следното:

Прво место за Верџиниа Петровска

Второто место го освои Леонтина Веселиновска

И третото место го зема Вања Ковачка

Честитки за сите!

Библиотеката упатува благодарност до сите ученици,наставници и училиштата за нивната соработка и поддршка во негувањето на љубовта кон пишаниот збор.

Краснописот не е само пишување, тој е одраз на внимание, трпение и личен стил.Преку уреден краснопис се развива дисциплина,концентрација и моторика, а секој напишан збор станува доказ за љубов кон знаењето и зборот.

Во време на дигитална комуникација,краснописот не потсетува на вредноста на рачното пишување-на зборот што останува траен,човечки и искрен. Убавиот ракопис е мала уметност, краснописот е огледало на вниманието и трпението.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *