Промовирани монографиите за делчевските села и околината

ЈЛБ„Илинден“-Делчево,со неизмерна љубов кон родниот крај, создаде еден од најубавите културни моменти: промоција на монографиите и воопшто книгите посветени на делчевските села и околината, претставени на несекојдневен,вистински магичен начин.

Во време кога брзината го диктира секојдневието,ние избираме да застанеме за миг и да се вратиме таму каде што започнува се-во селото, во коренот,во приказните кои ги носат нашите предци.Секоја монографија е сведоштво што треба да го чуваме како најголемо богатство. Затоа нашите мали девојчиња, облечени во дел народни носии,денес зачекорија по модно-книжната писта, не само како модели, туку како чувари на спомените.Во нивните рачиња моногафиите светеа како мали ризници, а нивните чекорчиња беа тивка почит кон сите села, кои денес живеат преку страниците, фотографиите и раскажаните судбини. Прошетаа по нашата „писта“ достоинствено,со гордост, со трепет.Дел од народната носија што ја носеа, зборуваше за нашата вековна убавина, а книгите за нашето наследство кое мора да продолжи. Со оваа промоција сакаме да кажеме дека традицијата не е минато,туку патоказ.Дека селата не се заборавени точки на картата,туку срцето на делчевско и околината.Дека книгата е мост меѓу тоа што сме биле и тоа што ќе станеме. Ова е нашето мало„ благодарам“ за корените.Нашата голема љубов кон татковината.И нашата надежд дека секоја приказна ќе го најде патот до некоја млада душа, кој ќе ја продолжи понатаму.

На овој прекрасен настан,покрај родителите на нашите мали манекенки,присуствуваше и градоначалникот на општина Делчево,Иван Гоцевски.

1.Андреа Костадиновска ја претстави монографијата „Разловци“, во неа се зборува за селото Разловци

2.Анастасија Костовски, ја претстави „Киселица низ едно време“,книгата зборува за нашето село Киселица

3.Ванеса Георгиевска, ја претстави„Паметници за Царево село“, раскажува за Царевоселци и делчевчани

4.Андреа Миовска, ја покажа „Патот до себе“, книгата раскажува за село Вртиславци

5.Евгенија Јовановски ја покажа„За Делчево и животот на делчевчани“.Раскажува за делчевчани и Делчево.

6.Мелани Алексовска ја промовираше„Јовановска маала во село Очипала“, во неа се раскажува за с.Очипала

7. Марта Гоцев ја претстави „Мемоарите од животот на Јован Гаврил Величковски“, се раскажува за село Митрашинци

8.Дариа Петровска ја промовираше монографијата „Панчарево“, се зборува за с.Панчарево

9. Анастасија Јовановски ја промовираше„Робово- село Малешевско“, која зборува за селото Робово

10. Сара Гоцев ја претстави „Патот до вистината“ која зборува за животот во Вртиславци.

11. Михаела Мијалчова ја претстави монографијата за Делчево, која зборува за нашиот град

12.Магдалена Јовановски ја претстави „Драмче-споменик на времето“, која зборува за селото Драмче.

Благодарност до градоначалникот Иван Гоцевски, сите мали умни девојчиња, до нивните родители, што ни помигнаа во реализација на натсанот. Библиотеката упатува и поздрав до нашиот сограѓанин, Дарко Тасевски, на чија музика која се сушаше во позадина, девојчињата прошетаа по нашата модно-книжна писта,како и до конфекција Дамјанов,кои ни ги подарија црвените марами кои ги носеа девојчињата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *