Одбележан светскиот ден на детето

Денес го одбележуваме 20-ти ноември,светскиот ден на детето,ден посветен на најмалите, на нивната среќа,љубопитност и право на безгрижно детство.

По тој повод , денес наши гости беа дечињата од детската градинка „Весели цветови“ на возраст четири и пет години. Благодарност до Весна Поповска, Јадранка Багевска , Марија Стоименовска ,Весна Цветкова и Данче Ѓеоргиева.

Со нашата денешна активност,потсетуваме дека секое дете заслужува љубов,грижа и можност да расте опкружено со книги,знаење и топлина. Да ги слушаме децата. Да ги охрабриме нивните соништа и да им помогнеме да го градат светот со насмевка.

Инаку овој датум се одбележува од Обединетите нации, како ден кога во 1959 година е усвоена Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година и Конвенцијата за правата на детето.Тоа е ден на промовирање на детските права, еднаквост, грижа и подобрување на условите за сите деца ширум светот.

Колку беше весело,убаво,искрено,разиграно…

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *