Одбележана важна годишнина,22 години од излегување на прв роман во историјата на Делчево, на наш роднокраен автор. Тоа е романот „Македон“на роднокрајниот автор Славчо Десподов. Дело кое со својата појава остави силен белег во современото македонско творештво.
Авторот со неговиот роман „Македон“ успеа да создаде роман кој што ја спојува историјата,
идентитетот и човечката драма во едно силно и емотивно раскажување.Неговото перо е препознатливо по јасниот стил, длабоката мисла и искрената посветеност кон темите што ги допираат нашите корени.
Денес пред средношколците од СОУ„М.М.Брицо“-Делчево, четврти клас и професорката по Македонкси јазик, Милена Глинџарска, тој го претстави патот на создавањето на „Македон“,пораките што ги носи романот и инспирацијата што стоела зад него. Оваа претставување е можност, младите, да се запознаат со значењето на домашната книжевност и со силата на раскажувањето кога потекнува од срцето на местото каде живееме.
ЈЛБ„Илинден“-Делчево и НУЦК”Н.Ј.Вапцарив”-Делчево со средношколците од нашата гимназија, денес , го прославиме неговиот труд и им подаривме на младите генерации, средба што може да ги охрабри да читаат, создаваат и сонуваат.
Славчо Десподов е роден 1951 година во село Ѕвегор.Основно и средно образование завршува во родното Делчево, а Филозофски факултет-група национална историја, на универзитетот„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Работел како професор во гимназија и беше директор на Домот на културата „Н.Ј.Вапцаров“.
Романот „Македон“кој е објавен во 1993 година, е негово дебитантско остварување.






