ЈЛБ„Илинден“-Делчево ,со голема радост ги пречека дел од своите членови пензионери,оние кои се најредовни во библиотеката и со љубов и посветеност се најчести гости кај нас. Тоа се наши сограѓани, љубители на книгата кои секојдневно не потсетуваат дека читањето нема возраст.
Оваа средба беше во знак на благодарност, но и поттик за сите возрасни читатели да откријат и повторно да ја разбудат љубовта кон читањето. Книгата нема години, таа зближува, инспирира и не збогатува во секој период од животот.
Разговаравме за омилените наслови,времето поминато во библиотеката, но и дома, со книга во рака.
Со насмевка и отворено срце, разговаравме, се дружевме и споделувавме читетелски искуства.
Благодарност до сите што оддвоија од своето време и беа наши гости.
Нека нашите денешни гости и најредовни наши возрасни членови, бидат мотивација за сите останати, да дојдат во нашата библиотека , и да откријат дека, читањето книги е квалитетно поминато слободно време.








