Во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, се одржа натпревар „Погоди ја гатанката“.
Натпреварот го организираше библиотеката и ООУ„Св.Климент Охридски“ – Делчево, VI -3 одделение, со наставничката Валентина Даневска, наставник по македонски јазик.
Учениците поделени во две групи: тимот на Фалангата и тимот на Пеперутките имаа задача да погодат 20 гатанки, а победа носеше бразината и знаењето – кој прв ќе го стисне звончето, тој одговара!
Со многу смеа, натпреварувачки дух и одлично познавање, сите ученици беа одлични, сепак подеби тимот на Пеперутките со 8:4
Честитки до сите! Благодарност до ООУ„Св.Климент Охридски“ и VI-3 одделение со наставничката Валентина Даневска.
Запишуваме уште една убава активност и љубов кон зборот и знаењето.






