Едукативна работилница со ОО на Црвен крст

Работилница во ЈЛБ„Илинден“- Делчево заедно со ОО на Црвен Крст – Делчево – учиме низ игра и практика

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево реализираше едукативна работилница во соработка со ОО на Црвен крст – Делчево, на која учествуваа 23 деца постари од 7 години.

На почетокот, децата преку краток цртан филм се запознаа со улогата и хуманата мисија на Црвениот крст, а потоа следуваше практичен дел исполнет со интерес и ентузијазам.

Децата имаа можност да научат основи на прва помош – вештачко дишење и изведување преврски, стекнувајќи корисни знаења и вештини кои можат да спасат живот.

Им благодариме на ОО на Црвен крст – Делчево, на претседателката на ОО на Црвен крст, доктор Билјана Георгиевска – психијатар, до Ивана Ангеловска, секретар на ОО на Црвен крст – Делчево и до Искра Георгиевска, волонтер во ОО на Црвен крст, за успешната соработка. Се надеваме дека и во иднина ќе реализираме други едукативни и забавни активности. Благодарност и до децата за нивната активност и љубопитност.

Ваквите работилници се уште се еден доказ, дека библиотеката е место за учење, дружење и грижа за заедницата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *