„Царево село низ страниците на времето 1924-1937)“

 ЈЛБ„Илинден“ – Делчево во читалната на библиотеката постави мала изложба „Царево село низ страниците на времето 1924-1937)“

Периодот од 1924 до 1937 години е време на промени, предизвици, надежи и борби.

Весниците од секогаш биле доказ, гласот на јавноста, хроника на случувањата и огледало на општеството. Токму преку нив, денес можеме да ја почувствуваме атмосферата на времето и да ја разбереме важноста на нашето место во поширокиот историски контекст.

На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски како и поголем број наши сограѓани.

Со оваа изложба, ЈЛБ„Илинден“-Делчево има за цел не само да ја зачува пишаната меморија, туку и да ја доближи историјата до сегашните и идните генерации. Да потсетиме дека идентитетот се гради врз сеќавања, документи и приказни кои не смееме да ги заборавиме.

Се надевам дека изложбата ќе не поттикне на размислување, разговор и понатамошно истражување на нашето минато, затоа што само познавајќи го минатото, можеме посигурно да чекориме кон иднината.

Благодарниост до Мартин Димоски од Скопје што ни ги испрати овие извадоци од весници во кои се споменува Царево село. И како што ќе можете да прочитате уште во 1932 година , весникот „Време“ за нашето Делчево, тогаш Царево село пишува:„ Сместено зад Црниот Камен, тоа со векови го чувало својот посебен лик, живеејќи во тишина, во труд и во постојана борба за опстанок. Селото не било само географска точка, туку вистинско духовно и човечко упориште. Иако времињата се менувале, духот на Царево село останал жив. Тоа продолжува да постои како симбол на истрајност, како сведоштво за животот на еден народ кој знаел да трпи, но и да се надева.“

Во 1929 година пак, весникоит „Правда“ пишува: „ Царево село претставува важен трговски и економски центар во овој крај. Покрај економскиот развој, во Царево село е забележлив и напоредок во просветниот живот.Селото располага со училишта и културни установи кои имаат значајна улога во образованието на младите и во културниот развој на населението.“

Ова се само некои од напишаните зборови за нашето Царево село кои треба сите да не прават горди.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *