Најчитатели за време на зимскиот распуст

 Традиционално, ЈЛБ„Илинден“- Делчево со големо задоволство ги награди трите ученици, наши вредни членови, кои за време на зимскиот распуст изнајмија најмногу лектири.

Нивниот интерес за книгата, љубовта кон читањето и посветеноста се најубав доказ дека вистинските вредности се негуваат уште од најмала возраст.

Наградени се:

– Леонид Јосифовски

– Теодора Митевска

– Елеонора Георгиевска

Им честитаме на наградените ученици и ги охрабруваме и останатите млади читатели да продолжат да го откриваат светот низ страниците на книгите.

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево секогаш ќе биде место каде што љубовта кон читањето се наградува.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *