Ако некој се запраша кој бил најголемиот револуционер, патриот и неуморен борец за слободата на Македонија, ќе кажаме дека тоа е Гоце Делчев. Тој бил Македонец во вистинска смисла на зборот. Ѓорѓи Николов Делчев познат кај народот како Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија.
Одбележувме 154 години од неговото раѓање. ЈЛБ„Илинден“- Делчево, годишнината од неговото раѓање ја одбележува со петтооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ – Делчево со наставниците, Младен, Гоце и Емилија.
Во читалната на библиотеката, читавме дел од Гоцевата биографија, неговите познати изреки, и слики, и истите ги залепивме на табла.
Благодарност до ООУ„Ванчо Прке , до наставниците и учениците, со кои заедно ја одбележивме годишнината од раѓањето на нашиот великан Гоце Делчев.
Гоце Делчев го даде животот за својата татковина.
Сите Македонци како народ треба да бидеме благодарни и да се поклонуваме пред неговиот лик и да не ја заборавиме никогаш неговата мисла водилка – нашата татковина Македонија вечна да биде!










