Во ЈЛБ„Илинден“-Делчево одржан натпреварот по рецитација

Во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, со многу емоции, љубов кон зборот и искрена младешка енергија, традиционално се одржа натпреварот по рецитација.

Библиотеката и оваа година натпреварот го реализираше заедно со двете основни училишта во градот ООУ„Ванчо Прке“ и ООУ“Св.Климент Охридски“. Својата дарба кон рецитирањето ја покажаа учениците од IX одделение, кои со посебна чувствителност и посветеност ја интерпретираа безвременската песна „Везилка“ од  великанот на македонскиот јазик и литература, Блаже Конески.

Секој стих одеклнуваше со силна порака, секоја интерпретација носеше различна емоција, а младите рецитатори успеаја да ја пренесат убавината и длабочината на поезијата. Нивните настапи беа потсетник дека македонскиот јазик е жива нишка што ги поврзува генерациите, исто како што везилката внимателно ја вткајува својата приказна во ткаенината.

Со ваквите настани, библиотеката продолжува да ја негува љубовта кон литературата, поезијата и мајчиниот јазик, поттикнувајќи ги младите да го почувстваат богатството на македонскиот збор.

Комисијата за избор во состав:  Билјана Стоиловска, наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“,                наставник по македонски јазик во ООУ„Св. Климент Охридски“ и Даниела Георгиевска, библиотекар во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, еве што одлучи:

Прво место: Јосиф Манов 

Второ место: Сара Димитровска

Третото место го поделија Дарија Велинова и Бојана Мирчевска

Сите учесници во натпревариот по рецитација добија благодарници.

Им благодариме на учениците и на наставниците за вложениот труд, инспирацијата и прекрасната атмосфера што ја сиздадоа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *