Во просториите на ЈЛБ„Илинден“ – Делчево е поставена изложба „Помеѓу сенката и силата“ од авторката Марина Арсовска од Кочани.
Оваа изложба претставува уметнички израз преку кој авторката ја истражува човечката емоција, внатрешната борба и силата што се раѓа токму во најтивките и најсенковитите моменти од животот. Преку овие дела, Арсовска испраќа силна порака за издржливоста на духот, за личниот раст и за светлината што секогаш постои дури и кога се наоѓаме во сенка.
Марина Арсовска е уметник кој преку својата креативност создава дела исполнети со симболика,длабочина и искрена емоција, оставајќи простор секој посетител да пронајде свое значење и сопствена приказна во изложените творби.
Со оваа изложба ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, продолжува да ја негува културата и уметноста, создавајќи простор за промоција на современи автори и нивното творештво.
Изложбата беше поставена во библиотеката во Кочани, па во библиотеката во Пехчево, и денес е во ЈЛБ„Илинден“-Делчево.Ова е заедничка активност на трите библиотеки.







