Ученици од Тирана во посета на ЈЛБ„Илинден“-Делчево

Во рамки на програмата Суперучилиште – 4-ти циклус, Проект со наслов Bridges of Unity, СОУ„ М.М. Брицо“ во партнерство со Техничко и Економско Училиште – Тирана, реализира младинска размена со ученици од регионот. Размената претставува можност за интеркултурна соработка, размена на искуства и градење пријателства со врсници од Западен Балкан.

Учениците со професорките Даниела Мијалчова и Дијана Цонева беа во посета на библиотеката, каде беа споделени повеќе информации за размената, за нашите роднокрајни автори, нашата литература и работата на нашата библиотека. Учениците исто така,имаа можност да ја разгледаат англиската л и албанската литература со која располага библиотеката.

Проектот е вредно искуство, нови познанства и можност за личен и образовен развој.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *