Промовирана монографијата „Трагична несреќа или атентат“ на роднокрајниот автор Славчо Десподов

 Во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, промовирана монографијата „Трагична несреќа или атентат“, дело на роднокрајниот автор Славчо Десподов.

Монографијата е многу повеќе од обично пишано сведоштво.Таа е плод на истражување, посветеност и искрени желби да се осветлат настани и прашања кои долго време предизвикуваат интерес, размислување и различни толкувања. Со тоа дело, авторот остава значаен траг во публицистиката и во нашата културна меморија.

Промотор на монографијата беше Сотир Костов , главен истражител на авионската несреќа кај Мостар. Промотрот и авторот, пред присутните во читалната на библиотеката, зборуваа повеќе за оваа монографија, за истражувањето што стои зад неа и за пораките што авторот и промоторот сакаа да ги споделат.

Роднокрајното одделение на ЈЛБ„Илинден“ – Делчево од вечерва е побогато за уште еден наслов, кој ќе биде достапен до сите наши читатели.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *