Во нашата библиотека се одржа весела и креативна работилница со најмладите посетители, кои со многу љубов и фантазија изработуваа слатки мечиња на уникатен начин.
Со нивното мече како главен лик, дечињата имаа можност да ја развијат својата креативност и да смислат интересни и оргинални наслови за една замислена приказна.
Па така се создадоа многу убави наслови на книги и приказни меѓу кои: Мечето и астронаутот Ноа,Мечето крадец, Мечето што сака да игра кошарка, Гризли, Мечето оди на одмор, Авантурите на моето мече и многу други.
Преку игра, дружење и творење, тие покажаа дека детската фантазија нема граници, а библиотеката повторно беше место исполнето со смеа, радост и убави идеи.







