Нова донација на книги за библиотеката од Фондација Рудник „Саса“

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, упатува искрена благодарност до Фондација Рудник „Саса“ за донацијата на книги со која го збогатија  библиотечниот фонд во клонот на ЈЛБ„Илинден“ во Македонска Каменица „К.П.Мисирков“ и придонесоа кон збогатување на читателското искуство на членовите. Донацијата е по повод  20 години од рестартирањето на рудник „Саса“.

Традиционално Фондација Рудник „Саса“ донира книги на библиотеката, а секоја донирана книга претставува инвестиција во знаењето, образованието и културниот развој.  Благодарение на ваквите општествено одговорни компании, книгата продолжува да го наоѓа  својот пат до читателите од сите генерации.

Им благодариме за укажаната доверба, поддршка и за препознавањето на значењето на библиотеките како чувари на знаењето и културата. Заедно создаваме повеќе можности за читање, учење и личен развој.

Во најава е и донацијата на книги од Against literally, 200 наслови Англиска книжевност, стари но добро зачувани англиски изданија.

Огромна благодарност до Фондација Рудник „Саса“, се надеваме дека соработката ќе продолжи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *