Во пријатна и весела атмосфера, во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денес во попладневните часови се реализираше работилница „Летни шарени приказни“.
Децата на возраст од 3 до 6 години со голем интерес разгледуваа сликовници, а потоа преку прекрасна активноси за пакување на подароци ги пакуваа сликовниците и си ги разменуваа едни со други, учејќи ја вредноста на споделувањето и пријателството.
Во креативниот дел од работилницата беше и правењето ѕид на бајките, на кој пред влезот на библиотеката, децата ставаа ликови од познати бајки.
Низ игра, читање и творење, уште еднаш потврдивме дека книгите и сликовниците се најубавиот пат кон знаењето, другарството и светот на имагинацијата.
Благодарност до сите дечиња, бевте одлични!
Ова е првата работилница за ова лето, следуваат уште две „Летни шарени приказни во библиотека“









