Традиционално, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево и оваа година ги награди првенците од основните училишта во градот, како признание за нивниот труд, знаење и посветеност.
Денес наши гости беа Сара Димитровска, првенец на генерација од ООУ„Ванчо Прке“ и Ирина Спасевска, првенец на генерација од ООУ„Св.Климент Охридски“. Им честитаме на нивниот извонреден успех и им посакуваме многу нови знаења, успеси и исполнети соништа на патот што е пред нив.
Нека оваа прикиазна биде поттик да продолжат да чекорат храбро кон нови достигнувања, а книгата секогаш да им биде верен пријател.
Честитки до нашите првенци!

