Доделени наградите од конкурсот „Најстаро издание на лектира“

 Заврши  конкурсот „Најстаро издание на лектира“, кој уште еднаш покажа дека книгите не се само страници, туку спомени, историја и богатство што се пренесува од генерација на генерација.

Библиотеката им додели подарок книга на сите учесници во конкурсот, во знак на признание за нивниот ентузијазам, љубов кон книгата и желбата да го зачуваат книжевното наследство. Посебно им честитаме на трите учесници кои ги поседуваат најстарите изданија на лектири и кои беа наградени за своите вредни примероци.

Првото место е за Анита Петровска чија лектира е од 1953 година,второрто место за Сашко Јовановски чија лектира со која учествуваше на конкурсот е со издание од 1954 година. Третото место е за Сања Даневска, нејзината лектира е од 1963 година .

Им благодариме на сите 13 учесници меѓу кои и четири деца, што беа дел од овој прекрасен конкурс и што ни покажаа дека старите лектири имаат непроценлива вредност – не само поради годините што ги носат, туку и поради приказните што ги чуваат.

Кога ја чуваме книгата, ја чуваме и нашата култура, историја и идентитет.

Посакуваме конкурсот да стане убава традиција, а секоја стара лектира што ќе ја пронајдете да биде уште еден мост меѓу минатото и новите генерации читатели.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *