Во рамки на делчевското културно лето, а во организација на ЈЛБ„Илинден“ и НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“, се одржа работилница „Боите го разубавуваат паркот“
На работилницата учествуваат голем број на дечиња кои со своите боички им подарија живот и боја на цртежите. Потоа следуваа летни натпреварувачки лудории и многу забава. Најубавиот дел не беа само шарените листови, туку и детската радост, дружењето, смеата и безбројните искрени насмевки кои го исполниа паркот.
Им благодариме на сите дечиња и на нивните родители што беа дел од оваа прекрасно дружење. Заедно уште еднаш покажавме дека кога ќе се спојат креативноста, играта и книгата, се создаваат најубавите детски спомени.
До следната дружба,продолжуваме да ја негуваме детската фантазија, затоа што секое обоено ливче е чекор кон еден пошарен и поубав свет!








