Month: July 2026

Доделени наградите од конкурсот „Најстаро издание на лектира“

 Заврши  конкурсот „Најстаро издание на лектира“, кој уште еднаш покажа дека книгите не се само страници, туку спомени, историја и богатство што се пренесува од генерација на генерација. Библиотеката им додели подарок книга на сите учесници во конкурсот, во знак на признание за нивниот ентузијазам, љубов кон книгата и желбата да го зачуваат книжевното наследство. …

Доделени наградите од конкурсот „Најстаро издание на лектира“ Read More »

Промовирана книгата „Преживував додека се градев“ од роднокрајната авторка Eлеонора Ивановска

ЈЛБ„Илинден“ – Делчево,  го промовираше делото – првенче „Преживував додека се градев“, автобиографско дело на нашата млада роднокрајна авторка Елеонора Ивановска. Секоја прва книга е храбар чекор. Но, кога таа книга е испишана со вистински животни искуства, со болка, падови, надеж, борба и повторно издигнување, тогаш таа станува многу повеќе од книга. Таа станува сведоштво …

Промовирана книгата „Преживував додека се градев“ од роднокрајната авторка Eлеонора Ивановска Read More »

Реализирана уште една летна работилница

Кога книгите стануваат игра, а играта – вистинска авантура! Во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се одржа весела и креативна работилница исполнета со смеа, дружење и многу позитивна енергија. Преку пантомима, играта „Глув телефон“ и низа интересни предизвици, нашите најмлади читатели погодуваа наслови на лектири и сликовници. Натпреварувачкиот дух ги мотивираше сите да бидат брзи, снаодливи …

Реализирана уште една летна работилница Read More »

Толпото време не е пречка да се посетува библиотеката, велат членовите пензионери

Љубовта кон книгата не ја победуваат ниту летни горештини. Додека сонцето пече, вратите на нашата библиотека секојдневно ги отвораат токму оние кои со години се најверните чувари на љубовта кон книгата – нашите читатели- пензионери. Со тивка насмевка, со книга под рака и со истата возбуда како и првиот пат кога зачекориле во библиотеката, тие …

Толпото време не е пречка да се посетува библиотеката, велат членовите пензионери Read More »

Одржана работилница „Магијата на разгледницата- приказна која патува со насмевка“

Разгледницата не е само парче хартија – таа е мала приказна, спомен и насмевка што патува од едно на друго место.Разгледницата е мал картон со фотографија или цртеж од некое место, град, природа или знаменитост. На задната страна има место за кратка порака, адреса и поштенска марка. Пред многу години , кога немаше мобилни телефони …

Одржана работилница „Магијата на разгледницата- приказна која патува со насмевка“ Read More »