Month: January 2026

Најчитатели за време на зимскиот распуст

 Традиционално, ЈЛБ„Илинден“- Делчево со големо задоволство ги награди трите ученици, наши вредни членови, кои за време на зимскиот распуст изнајмија најмногу лектири. Нивниот интерес за книгата, љубовта кон читањето и посветеноста се најубав доказ дека вистинските вредности се негуваат уште од најмала возраст. Наградени се: – Леонид Јосифовски – Теодора Митевска – Елеонора Георгиевска Им …

Најчитатели за време на зимскиот распуст Read More »

„Царево село низ страниците на времето 1924-1937)“

 ЈЛБ„Илинден“ – Делчево во читалната на библиотеката постави мала изложба „Царево село низ страниците на времето 1924-1937)“ Периодот од 1924 до 1937 години е време на промени, предизвици, надежи и борби. Весниците од секогаш биле доказ, гласот на јавноста, хроника на случувањата и огледало на општеството. Токму преку нив, денес можеме да ја почувствуваме атмосферата …

„Царево село низ страниците на времето 1924-1937)“ Read More »

Едукативна работилница со ОО на Црвен крст

Работилница во ЈЛБ„Илинден“- Делчево заедно со ОО на Црвен Крст – Делчево – учиме низ игра и практика ЈЛБ„Илинден“ – Делчево реализираше едукативна работилница во соработка со ОО на Црвен крст – Делчево, на која учествуваа 23 деца постари од 7 години. На почетокот, децата преку краток цртан филм се запознаа со улогата и хуманата …

Едукативна работилница со ОО на Црвен крст Read More »

Одржан натпреварот „Погоди гатанка“

 Во ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, се одржа натпревар „Погоди ја гатанката“. Натпреварот го организираше библиотеката и ООУ„Св.Климент Охридски“ – Делчево, VI -3 одделение, со наставничката Валентина Даневска, наставник по македонски јазик. Учениците поделени во две групи: тимот на Фалангата и тимот на Пеперутките имаа задача да погодат 20 гатанки, а победа носеше бразината и знаењето – …

Одржан натпреварот „Погоди гатанка“ Read More »

Прекрасна средба со најредовните читатели – пензионери

ЈЛБ„Илинден“-Делчево ,со голема радост ги пречека дел од своите членови пензионери,оние кои се најредовни во библиотеката и со љубов и посветеност се најчести гости кај нас. Тоа се наши сограѓани, љубители на книгата кои секојдневно не потсетуваат дека читањето нема возраст. Оваа средба беше во знак на благодарност, но и поттик за сите возрасни читатели …

Прекрасна средба со најредовните читатели – пензионери Read More »

Мојата волшебна книга во кутија

Преку креативна работилница „Мојата волшебна книга во кутија“, децата кои беа дел од неа, открија дека книгите не се само за читање- тие се светови, ликови, соништа и емоции. Со многу фантазија, боја и тимнска работа, малите читатели изработија волшебна кутија во која „оживеаја“ нивните омилени приказни. Секоја кутија раскажува своја приказна и носи силна …

Мојата волшебна книга во кутија Read More »

Работилница „Бадникови венци“

Во духот на празниците, ЈЛБ„Илинден“-Делчево организираше креативна Бадникова работилница за деца, на која малите девојчиња учеснички , изработуваа бадникови венци, исполнети со љубов, топлина и празнична радост. Изработените Бадникови венци беа подарени, како симбол на споделување, добрина и грижа за другите – вредности кои ги негуваме и пренесуваме од најрана возраст. Благодарност до сите што …

Работилница „Бадникови венци“ Read More »