„Донеси прочитана, земи непрочитана сликовница“
По повод националниот ден на љубителите на книгата,ЈЛБ„Илинден“-Делчево, ја реализираше активноста насловена„Донеси прочитана,земи непрочитана сликовница“. Во читалната на библиотеката беше навистина весело, разиграно и интересно. Дечињата донесоа свои прочитани сликовници а од библиотеката, дома однесоа не прочитана сликовница.„Малиот принц“,„Црвенкапа“,„Пинокио“,„Хајди“,„Трите прасиња и уште многу други наслови на познати и интересни сликовници беа донесени и однесени. Сите …